Оскаровката Гвинет Палтроу официјално се приклучи на TikTok, а нејзиното прво видео за кратко време привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Актерката се претстави со динамична видео-монтажа снимена на повеќе локации низ Европа, но најмногу реакции предизвика сцена во која позира во кревет покриена само со бела постелнина. Во видеото, 53-годишната актерка на различни јазици ја повторува реченицата: „Само момент, снимам TikTok“. ...
Холивудската актерка и добитничка на Оскар, 53-годишната Гвинет Палтроу, конечно отвори личен профил на ТикТок, а нејзината прва објава веднаш предизвика големо внимание. Во краткото видео, снимено на различни локации низ Европа, се појавуваат и неколку кратки сцени во кои актерката е топлес, додека лежи во кревет или се релаксира во када. Видеото е направено во препознатлив, самоироничен стил. Палтроу се снима на брод, во хеликоптер, авион, ...

