Предупредувачките табли „Безбеден град“, со кои се информира јавноста дека сообраќајот во одредена зона е под видео-надзор, во Тетово се поставени и на албански јазик, јавува репортерот на ТВ21. Ова означување, кое е во рамки на градското подрачје, повторно ја отвори јавната дебата околу примената на Законот за безбеден град и почитувањето на јазичните права. Од опозициските партии изминатиот период следеа критики кон Владата, со тврдења дека ...
Камерите за безбедност на системот „Safe City“ се поставени на три локации во Тетово. Општината постави и предупредувачки знаци, кои се на два јазици, македонски и албански. Сепак, некои знаци на автопатот Тетово–Скопје и Тетово–Гостивар сè уште не се двојазични. Друг проблем во градот останува семафорот на Булеварот „Илинден“, блиску до Универзитетот во Тетово. На овој семафор нема посебна лента за свртување лево или десно, што предизвикува ...

