СВР Струмица поднесе кривична пријава против референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница Беласица, за сомнение дека во текот на последните шест години континуирано барал и примал парични надоместоци од жител на струмичко село, кој сакал да добие дозвола за сеча на дрва. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи осомничениот ја злоупотребил својата службена должност за да добие парични средства, или преку себе, или ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. Како што соопшти МВР, пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или ...