Шеесетгодишен маж од Гостивар е уапсен под сомнение дека подолг период ја принудувал својата 80-годишна мајка, која се движи со инвалидска количка, да питачи, а потоа насилно ѝ ги одземал парите. Против него е поднесена кривична пријава за трговија со луѓе, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според полицијата, осомничениот Н.Н. во текот на 2025 и 2026 година ја искористувал зависната положба и физичката немоќ на својата мајка ...
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе денеска поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат, во текот на 2025 и 2026 година, Н.Н. делото го сторил со цел стекнување противправна имотна корист, на начин што ја искористил ранливоста и зависната положба на неговата мајка З.С.(80) од ...

