Законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти, се во фокусот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, на кое во својство на сведок – технички советник, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, пренесува МИА. ...
Сведок на Обвинителството денес беше претседателката на Комората за приватно обезбедување, Верица Милеска Стефановска, која беше децидна дека малолетници во еден објект по полноќ не се безбедносен ризик, но не би требало да се таму. Иако таа до детали објаснуваше за тоа кој сè може да врши обезбедување, каде е потребно да има обезбедувачи, како и кој треба и може да добие лиценца, а кој легитимација за вршење обезбедување, одбраната на ...

