Панел-дискусија со важна тема „Каде исчезнаа кината?“ ќе се одржи денес во 13 часот во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, во рамките на фестивалот „МакеДокс“. Идејата е да се понудат идеи, искуства и конкретни насоки за тоа како Скопје може да создаде подобри услови за прикажување филмови, развој на публика и долгорочен развој на кинокултурата. Непосреден повод за дискусијата е „Европската престолнина на културата 2028 Скопје“, која ...

Како се менува филмската критика во време кога алгоритмите, социјалните мрежи и дигиталните платформи сè повеќе влијаат врз тоа што гледаме и што ни се препорачува? Ова ќе биде тема на денешната панел-дискусија „Филмска критика во ера на алгоритми?“, која ќе се одржи во рамките на фестивалот „МакеДокс“. Панелот е закажан за 13 часот во „Лабораториум“ во Скопје, а ќе собере филмски критичари, новинари и фестивалски програмери од Македонија и ...

Панел-дискусијата со тематски наслов „Културната инфраструктура пред Европската престолнина на културата 2028“ во рамките на 17. „МакеДокс“ се одржа на 24 август во „Лабораториум“ и се обиде да даде одговор на прашањето: Каде исчезнаа кината? Учесници на дискусијата беа Звонко Наумоски – Шеф на операции, Фондација „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“; Билјана Лунга Филиповска – Советник за меѓународна соработка, евиденција и ...