Светот влегува во нова ера на дигитална регулација насочена кон заштита на најмладите. Австралија официјално најави дека следната недела ќе воведе законска старосна граница од 16 години за користење на социјалните мрежи, со што станува првата држава во светот што се одлучува на ваков радикален чекор. Овој потег предизвика верижна реакција, при што Данска и Европската Унија веќе најавуваат слични рестриктивни мерки. Австралиските власти се ...
Австралискиот интернет регулатор објави дека забраната за социјални медиуми за тинејџери под 16 години ќе стапи на сила на 10 декември. Мета почна да заклучува стотици илјади профили на Инстаграм, Фејсбук и Тридс пред официјалниот датум на стапување во сила на законот, објави Ројтерс. Комесарот за е-безбедност, Џули Инман Грант, изјави дека првично била загрижена за „суровиот“ пристап кон блокирање на помладите корисници, но ја поддржала мерката ...

