Властите во Дубаи изјавија дека го ставија под контрола пожарот предизвикан од напад со беспилотно летало во близина на меѓународниот аеродром, што доведе до привремено прекинување на летовите, иако не се пријавени повредени. Инцидентот од понеделник е трет на аеродромот во Дубаи, еден од најпрометните меѓународни туристички центри во светот, откако Иран ги започна своите напади врз земјите од Персискиот Залив. Американската амбасада во ...
Американската амбасада во Ирак, која се наоѓа во Зелената зона во Багдад, беше нападната рано утрово, а објектите во комплексот се запалија. Според извор од Министерството за внатрешни работи, кој побара анонимност, две беспилотни летала со стапици слетале во периметарот на амбасадата, а последователните експлозии предизвикале пожар видлив однадвор од комплексот. Нема извештаи за жртви. Американската амбасада во Ирак беше подложена на ...
Војната меѓу САД и Израел против Иран е сега во третата недела, а воените дејствија продолжуваат. Иранскиот шеф за безбедност, Али Лариџани, е убиен, потврдија иранските медиуми во вторник. Тој беше беше една од најмоќните личности во Исламската Република, архитект на нејзината безбедносна политика и близок советник на ајатолахот Али Хамнеи сè до смртта на врховниот лидер во воздушен напад минатиот месец. Израелскиот министер за одбрана, ...

