Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје оформило предмет за функционирањето на новогодишниот лунапарк „Зимзоленд“ во општина Аеродром, за да се испита дали евентуално постојат елементи на кривичното дело предизвикување општа опасност. Предметот е отворен по допрен глас како што потврдија за „360 степени“ по објавените информации дека надлежните инспекциски служби не постапуваат согласно законските надлежности за отстранување на реквизитите. ...

Лунапаркот „Зимзоленд“ во општина Аеродром веќе речиси две недели ги врти рингишпилите без уредни дозволи и со отворен обвинителски предмет за можно кривично дело предизвикување општа опасност. Во таква атмосфера, советникот на Левица, Горан Костовски, јавно го праша градоначалникот Тимчо Митески дали чека да се случи трагедија за конечно да го затвори забавниот парк. Приказната за „Зимзоленд“ започна со новогодишниот бум во Ново Лисиче, но ...