Легендите не умираат Милиони обожаватели се тажни. Почина саканата Џан Север, мегаѕвездата на ромската песна. Многумина нејзини пријатели, роднини и колеги упатија искрени зборови на сочувство: „Твојот глас, твојата насмевка и твоите песни ќе останат засекогаш во нашите срца. Ти не беше само голема ромска ѕвезда туку и човек што ни беше драг на сите. Твоите песни ќе продолжат да живеат меѓу нас. Ќе ги слушаме, ќе ги пееме и преку нив секогаш ...
Џансевер Далипова, една од најпрепознатливите ромски музички уметници од Македонија, почина по тешка болест, објави „ЕС Ромапрес“. Во текот на својата долгогодишна кариера таа остави силна трага на Балканот, во Турција и меѓу ромската дијаспора ширум Европа. Џансевер беше текстописец, композитор и изведувач со исклучително препознатлив глас и сценски идентитет. Џансевер Далипова е родена на 8 јули 1967 година во околината на Велес, како ...

