Кожув успеа да дојде до важна победа против Куманово. Гевгеличани на домашен терен славеа со 100-92 во последниот меч од 10 коло во Супер-лигата. За Кожув ова е шести триумф сезонава, имаат и четири порази, скор кој го однесе на петтото место. Гевгеличани имаат 16 бода исто колку и Куманово. Ова беше прва победа за Љупчо Малинков како нов предводник на „црвено-белите“ од Гевгелија. Првата четвртина во целост му припадна на домашниот тим, кој ...

Кошаркарите на Кожув дојдоа до победа над Куманово во натпреварот одигран во Гевгелија со 100-92 во 10. коло од кошаркарската Супер-лига. Домашните кошаркари беа поконцентрирани во завршницата од натпреварот, и дојдоа до победата благодаение на одличната игра во финишот од натпреварот. Мечот беше резултатска „вртелешка“, двата тима се менуваа во водството, а во последниот период се влезе со само поен предност за Куманово (68-69). Клучната ...

Кошаркарите на Кожув раситнија „стотка“ и славеа со 100-92 против екипата на Куманово во Суперлигата на Македонија во рамките на 10. коло. Стартот во целост му припадна на домаќинот во салата „26 април“ кој поведе со 11-2. Сепак, следуваше одговор и враќање на гостите до 11-9, но потоа Кожув пак се одлепи (19-11). На крајот на четвртината резултатот беше 22-16. До полувремето подобра екипа беше Куманово, имаше контрола на резултатот и водеше ...