Втор ден продолжува крводарителската акција во Сливен, Бугарија, по иницијатива на обласната болница „Д-р Иван Селимински“. Пред Центарот за крводарување и утринава се создадоа редици од граѓани што чекаат доброволно и бесплатно да даруваат крв за повредените во тешките сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ кај Јамбол, јавува БНР. За денеска се пријавиле десетици лица што сакаат да даруваат крв. Само вчера во центарот дошле повеќе од 70 ...

Стотици граѓани се одѕваа на повикот за помош по тешките верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија. Уште од утринава пред Националниот центар за трансфузиона хематологија (НЦТХ) во Софија се создаде долга редица, а повеќе од 100 лица чекаат надвор од дворот на здравствената установа за доброволно и бесплатно да даруваат крв, јавува БГНЕС. Акцијата за доброволно крводарување ја организираат заеднички Бугарскиот Црвен крст ...

Повеќе од 100 лица дојдоа уште на првиот ден од крводарителската акција во Универзитетската болница во Бургас, Бугарија, за поддршка на повредените во тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“. Поради вонредната состојба, раководството на болницата организираше продолжено работно време на секторот за крводарување. До крајот на работната недела крводарители ќе се примаат секој ден до 19 часот, јавува БНТ. Поради исклучително големиот ...