Средбата е закажана и на неа ќе дојде мнозинство од пратеничките групи во македонското Собрание, но одлуките нема да бидат донесени со консензус поради извесното отсуство на опозициските социјалдемократи. Во вакви околности задутре напладне, во скопскиот Клуб на пратеници, ќе се одржи закажаната лидерска средба на партиите што имаат пратенички групи во македонското Собрание. Домаќинот, премиерот Христијан Мицкоски, може да смета на доаѓањето ...

Како што е најавено, на лидерската средба ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата Во Клубот на пратениците почна лидерската средба што ја иницира премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Покрај Мицкоски, кој е придружуван од координаторот на пратеничката ...

Денеска на пладне во скопскиот Клуб на пратеници започна средба на претставници на парламентарни политички партии кои имаат пратенички групи, свикана од премиерот Христијан Мицкоски. На средбата присуствуваат најголемиот дел од претставници на политички партии кои имаат пратенички групи во Собранието, со отсуство само на опозициската СДСМ. Во салата 4 во Клубот на пратениците влегоа премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од координаторот ...