Еден од наједноставните начини за влијание кај поширок круг луѓе, а кој е континуирано користен од страна на Русија во деjствувањето во Република Северна Македонија, е градењето и негувањето на наративот за заедничкото припаѓање (во меѓународните односи таа теорија е позната како „природно сојузништво“). Заедништвото и заедничкото припаѓање се поврзуваат со словенството, верата, јазикот, традицијата, а во последно време сè повеќе и со ...

Пајажината на руското влијание во Северна Македонија се гради и преку науката, образованието и културата. Тоа се постигнува со пласирање теми поврзани со научното, културното и образовно, па и религиско заедништво со Русија, заеднички настапи и одбележувања значајни датуми, изјави на претставници на академската заедница и реакции на медиумите поврзани со прослави, активности и конкретна поддршка што доаѓа од Русија Пишува: проф. д-р Мирјана ...