На денешен ден се случиле два значајни настани од македонската историја. Во 1947 г. во Горна Џумаја е отворен професионален македонски театар, а 118 години пред тоа во Прилеп е роден истакнатиот македонски собирач на фолклор, Марко Цепенков. На 7 ноември 1947 година во Горна Џумаја (денешен Благоевград) со изведувањето на пиесата „Печалбари“ од македонскиот писател Антон Панов, официјало ја започна својата дејност Обласниот македонски народен ...

Македонци од земјава и од соседството денеска во Штип се собраа на 30-тата Семакедонска средба во организација на Здружението „Мирка Гинова“ од Штип. На јубилејната средба се говореше за правата на Македонците во соседните земји. Претседателот на Здружението ОМО Илинден од Сандански, Кирил Тилев, рече дека Македонците од Пиринскиот дел на Македонија сè уште ги немаат основните човекови права – да зборуваат на мајчин јазик и да учат македонска ...