Смртта на Александар Јовиќ ја шокира македонската ракометна јавност. На 51-годишна возраст почина познатиот македонски стратег кој го предводеше тимот на скопски Пролет. Клубот беше приморан да назначи негова замена, па го одбра Никола Матлиевски кој и во минатото го водеше Пролет. Сепак, челниците на Пролет направија голем и убав гест. Имено, договорот на Јовиќ кој важи до крајот на сезоната ќе биде целосно исплатен на неговото семејство. ...

Шокантна беше веста од 15 јануари, денот кога ненадејно почина поранешниот македонски ракометен репрезентативец Александар Јовиќ. Јовиќ претходниот ден професионално го одработил тренингот во РК Пролет, а потоа никој не очекуваше дека може да се случи тоа да биде негово последно дружење со спортот на којшто го посвети целиот свој живот. Јовиќ во текот на целата кариера као играч и како тренер беше посветен професионалец, а неговиот последен ...