Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Д., во својство на поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија, К.П. во својство на претседател и Л.Е., К.З., А.Д. и Г.Ќ.Ч. во својство на членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 од КЗ ...

Со злоупотреба на лиценците за стоматолози ги пречекориле службените ингеренции и незаконски заработиле 517 000 евра. Финансиската полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Стоматолошката Комора и уште петмина од Комисијата за стручни стоматолошки прашања. Првопријавениот свесно и со однапред утврдена намера склучувал договори со непостоечки здруженија за спроведување облици на континуирано стручно ...