Охридскио портал „Охрид 1“ споделува снимка од колоните кои денес се направија кон Охрид на влезот од кај Битола. Колони возила имаше уште вчера преку ден и на патарините од Скопје, како и на сите кружни текови во градот. Охрид врие од народ не само од туристи кои го користат продолжениот викенд за одмор, туку и од млади кои се тука за големиот број на концерти закажани овие денови. Охридскио портал „Охрид 1“ споделува снимка од колоните кои ...

На Илинден, Охрид не запира ниту во раните утрински часови. Во 6 часот наутро, на Малото пристаниште сè уште се слуша песна, а група млади со микрофон и звучник ја продолжуваат забавата. На видеото се гледаат голем број млади кои сè уште не се прибрале по ноќното славење и продолжуваат да пеат и да се забавуваат покрај езерото. Но, покрај празничната атмосфера, забележлива е и непријатната слика од расфрлани отпадоци и ѓубре на повеќе места. ...