Во понеделник (13.10), Македонија ќе го одигра својот последен меч на свој терен во тековните квалификации за пласман на СП 2026. Играме со Казахстан на Арената во Скопје со почеток од 20:45 часот. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на оваа средба. За главен судија одреден е Хуан Мартинез Мунуера од Шпанија, додека негови помошници се Диего Барберо и Иван Масо Гранадо, додека четврти ќе биде Алехандро Муњиз Руиз. Во ВАР собата ќе ...

Фудбалската репрезентација на Македонија во еден од клучните мечеви за место на Светското првенство одигра реми со Казахстан (1-1) и така шансите за првото место во групата се минимални. Последен меч од циклусот ќе ни биде со Велс, тоа ќе биде директен дуел за втората позиција на табелата во Кардиф кој ќе го даде патникот во баражот за СП 2026 преку квалификациите, што носи и подобра позиција при ждрепката. Белгија има уште два меча со ...