Девет први , две втори и две трети места освоија кајакарите на Кајак Кану Клуб “Гемиџии 903” од Велес на Меѓународен натпревар во дисциплина слалом во Горажде, Босна и Херцеговина. Натпреварот се одржа минатиот викенд додека кајакарите и кајакарките на велешкиот клуб со освоените медали доцна вчера вечер се вратија во Велес. Вкупно 13 освоени награди во Велес ги донесоа следниве кајакари: Во категорија К1 мажи – пионери прво место освои ...

На реката Треска во СРЦ „Матка“,викендов , сабота 22 и недела 23 мај ќе се одржи традиционалниот „ИКАС“ – Илинденски кајак слалом 2021. Покрај домашните ке настапат и кајакари од Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска и Турција. Пријавени се околу 35 натпреварувачи. Меѓу нив има и кајакари од Велес. Поточно на „ИКАС“ ќе настапат кајакарите на КК „Вардар“ Ангел Петрушев и Стефан Рибарски. Исто така, дознаваме дека од останатите велешки ...