Силното невреме што попладнево зафати повеќе делови од источна и југоисточна Македонија предизвика материјална штета, паднати дрвја и неколку пожари. Најсериозни последици се регистрирани во Делчево, каде што е оштетен покрив на објект, а надлежните служби се на терен и работат на расчистување на штетите. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, изјави дека засега нема информации за повредени лица. „Дел од жителите, меѓу кои и деца, се ...
Силното невреме проследено со пороен дожд и силен ветер попладнево и вечерва зафати повеќе делови од источна и југоисточна Македонија, оставајќи зад себе паднати дрвја, пожари, оштетени кровови, бандери и електрична инфраструктура. Најпогодени се Струмичкиот, Радовишкиот и Делчевскиот регион, каде надлежните служби со часови интервенираат за расчистување на последиците. Во Радовиш, четири противпожарни возила и девет пожарникари интервенирале ...
Центарот за управување со кризи информира за состојбата по невремето со силен ветер и дожд што ја зафати територијата на државата По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците ...

