Наместо со поздравот „Бог се јави“, со кој православните христијани се поздравуваат на денешниот празник Богојавление-Водици, лидерот на СДСМ Венко Филипче во својата пригодна изјава од Охрид, каде присустуваше на празнувањето, поздрави со изразот „Бог се роди“. Со овој поздрав христијаните се поздравуваат по празникот Божиќ, Рождество Христово, кој се празнува на 25 декември според Грегоријанскиот, или на 7 јануари според Јулијанскиот ...

Помалку смешно изгледа што СДС секоја глупост на Венко Филипче се труди да ја оправда, па дури и таа која не се правда. Жално е што Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква. ВМРО-ДПМНЕ ниту излезе со став, ниту пак реагираше на тоа што лидерот на СДС Венко Филипче е изгубен во времето и просторот и празникот Богојавление Водици, наместо со традиционалниот поздрав „Бог се јави“, го честиташе со поздравот „Бог се роди“… ...