Интер го претрпе четвртиот сезонски пораз во Серија А и тоа во градската пресметка со Милан кој триумфираше со 1-0 со погодокот на Пулишиќ во второто полувреме. „Нероаѕурите“ имаа свои шанси на ова соочување, не реализираа и удар од 11 метри и дефинитивно можат да жалат што не остварија позитивен резултат. Меѓутоа Интер дефинитивно се соочува со проблем во тековнава кампања кога се во прашање важните натпревари, а тоа го говорат поразите од ...

Интер доминираше во добар дел од дербито и изгледаше како тим кој е далеку поопасен кон голот на Мајк Мењан, но сепак „росонерите“ испаднаа далеку поефикасни и поефективни и ја продолжија победничката серија против градскиот ривал. Кристијан Киву продолжи да губи на дерби пресметките како тренер на Интер, а овојпат доби и една „индиректна“ забелешка од Бобо Виери, и тоа поради вадењето на капитенот во клучен дел од натпреварот. – Можеби Интер во ...