Иранската војска објави дека извршила голем напад врз американските воени бази во Кувајт, додека сателитските снимки, според ирански извори, покажуваат прецизни удари врз клучни објекти во рамките на американската база Арифџан. „Во текот на изминатите неколку часа, копнените сили на иранската армија лансираа моќен бран таканаречени скитнички беспилотни летала врз американските воени позиции во Кувајт“, се вели во соопштението објавено ...

Иран лансираше повеќекратни напади со ракети и беспилотни летала врз Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Кувајт, објави денес Ал Џезира. Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека нивната воздушна одбрана пресретнала ракети и беспилотни летала од Иран и дека звуците што се слушале во земјата се резултат на пресретнувањето на ракетите. Министерството за внатрешни работи на Кувајт соопшти дека двајца припадници на граничните ...