Кадетите на ГОК „Борец“ со две победи обезбедија финале во годинешново државно првенство. Тие беа подобри во полуфиналната пресметка со екипата на „Јанта волеј“ која во Скопје ја совладаа со 3:0 а во Велес 3:1. За титулата ќе се борат со екипата на ОК „Струмица“. Ќе се игра една средба. ОК„Струмица“ домаќин е на финалниот турнир. Во борба за третото место ќе се сретнат екипите на „Пробиштип“ и „Јанта волеј“. Весна Николова председателката на ...

Во рамките на третото коло од плеј аутот на првата ракометна лига играчите на „Борец“ го одиграа налошиот натпревар сезонава. Велешките ракометари на домашен терен изгубија од екипата на РК „Металург РА“ со резултат 21: 35. Од самиот почеток на средбата гостите од Скопје создадоа предност која ја зголемуваа како минеше натпреварот. За разлика од нив домаќините како да се натпреваруваа кој повеке ќе згреши. Ништо не им одеше од рака и се виде ...