Во рамките на петтата седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, која се одржа вчера и завчера, во Будимпешта, беше потпишана програма за соработка во областа на културата и на уметноста меѓу македонското Министерство за култура и туризам и Министерството за култура и иновации на Унгарија. Документот го потпишаа државните секретари Марија С. Ѓоргова и Анита Кис-Хеги, со што се отвора нов период на ...

Делегација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводена од државниот секретар Горан Јовановски, учествуваше на седницата на Мешовитиот комитет, на која, како што се наведува во соопштението, се потврдија заедничките стратешки приоритети и заложби во енергетиката. Експертските работни групи од двете министерства за енергетика усогласија стратешки точки кои ќе ја унапредат енергетската инфраструктура, ефикасност и ...