Со голема доза на разочарување, ги проследив последните изјави упатени кон женскиот свет, на највисокиот, наjпрвиот меѓу еднаквите лидер; Премиерот Христијан Мицкоски -воедно сопруг, брат и татко. Во налетот рафални упатствата кон правосудните органи, поконкретно кон обвинителството, освен што ја компромитираше уставно гарантираната поделба на власта; на стравичен начин упати и сериозни навреди посебно кон обвинителките, знаете оние од женски ...
Има ли некоја жена, еве трад жена ( tradwife) во редовите на ДПМНЕ да ја предизвика оваа сурова дехуманизирана деноминација на жената како човек, или на секоја една мајка, сопруга, сестра, ќерка или баба ?! Тврдам дека оваа позиција, заедно со сите пропратни атаци врз жените со јавен ангажман се само едно очајно покритие на сопствената слабост. Поточно, е несвесна самопрецепција за личната немоќ, и компензација за таквата немоќ преку ...