Иранските власти на 9 јануари 2026 сигнализираа дека безбедносните сили ќе се пресметаат со демонстрантите, додека во повеќе градови продолжуваат протестите што почнаа кон крајот на декември и постепено прераснаа од економско незадоволство во отворен политички предизвик за Исламската Република. Во текот на ноќта и раните утрински часови се проширија видеа на социјалните мрежи со сцени од пожари на улиците и групи луѓе што скандираат слогани ...
Иранските пратеници, кои денес се состанаа за да разговараат за протестите што го потресоа Иран од 28 декември, во еден момент истрчаа пред зградата на парламентот скандирајќи „Смрт на Америка“, објави АП. Пратениците потоа скандираа други слогани во поддршка на иранската влада, која се обидува да ги ограничи антивладините демонстрации што се проширија во повеќето градови во земјата. Според објавените снимки, протести се одржуваат и во ...

