Во рамки на 6. коло од кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига, екипата на Кошаркарскиот клуб Гостивар вечерва од 18 часот во Спортската сала „Младост“ ќе го пречека тимот на МКК Куманово. Гостиварци по пет одиграни кола сè уште ја бараат својата вистинска форма, имаат збир од една победа и четири порази. Единствениот триумф досега го забележаа против екипата на КК Ангели, додека беа поразени од Работнички, МЗТ Скопје, Кожув и Тиквеш. Избраниците на ...
Во натпреварот од 6. коло на кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига, КК Гостивар загуби на домашен терен од МКК Куманово со резултат 65:79. Средбата се одигра вечерва во Спортската сала „Младост“ во Гостивар. Гостите од Куманово го контролираа резултатот во поголемиот дел од мечот, добивајќи ги сите четвртини (18:20, 17:21, 12:16, 18:22). Тимот на искусниот тренер Марин Докузовски ја потврди одличната форма и ја запиша петтата победа во сезоната. Кај ...

