Мохамад Багер Галибаф денес е едно од најважните имиња во преговорите меѓу Иран и САД, во момент кога двете земји преку тешки и чувствителни контакти се обидуваат да ја претворат кревката воена пауза во поширок политички договор. Неговото појавување во првиот ред на разговорите не е случајно: станува збор за човек што ги спојува безбедносниот апарат, политичката власт и влијанието во тврдиот центар на иранскиот систем. Галибаф не е класичен ...
Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, наводно се опоравува од тешки повреди на лицето и нозете здобиени во воздушниот напад врз комплексот на врховниот лидер во Техеран, во кој загина неговиот татко и претходник Али Хамнеи, објави Ројтерс. Според изворите, кои не се независно потврдени, Хамнеи бил ранет на почетокот на војната на 28 февруари, и оттогаш не е виден во јавноста, ниту пак се објавени негови фотографии или ...

