Пет од седумте лица кои останаа заробени во пештера што беше поплавена во Лаос беа пронајдени живи од спасувачите во среда, во инцидент што потсетува на драматичното спасување на тинејџери фудбалери во Тајланд во 2018 година. Тие беа пронајдени од специјализирани нуркачи во пештерите и засега остануваат заглавени во подземна пештера во централната лаошка покраина Ксаисомбун, додека спасувачите продолжуваат да ги бараат преостанатите две лица. ...
Селаните влегле во пештерата во покраината Ксаисомбун во централниот Лаос минатата среда во потрага по злато, но обилните дождови предизвикале ненадејни поплави што го блокирале излезот, објави АП, повикувајќи се на спасувачките тимови од Лаос и Тајланд. Двајца тајландски нуркачи и еден фински експерт, кои учествувале во драматичното спасување на младински фудбалски тим од пештера во Тајланд во 2018 година, се приклучиле на ризичната ...

