По силното невреме, во Скопје до околу 18 часот сè уште ќе има услови за дожд, грмежи и локална нестабилност. Потоа се очекува постепено смирување на времето, но небото ќе остане претежно облачно. Температурата околу 19 часот ќе изнесува 23 степени, до 22 часот ќе се спушти на околу 21, а пред полноќ на 20 степени. За Скопскиот Регион останува активно жолто предупредување за грмежи до 23:59 часот, па граѓаните треба да бидат внимателни при ...

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд над 15 литри на квадратен метар, ветер со брзина над 60 километри на час и услови за краткотрајно невреме проследено со град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а максималната од 22 до 34 степени, јавува УХМР. Во Скопје ќе ...