Во рамките на годинашното, шесто издание на фестивалот „Котон блуз“, ја најавуваме и ликовната колонија како составен дел од програмата веќе трета година по ред. Имено, станува збор за интеракција на ликовни уметници што сликаат додека музичарите свират. Нотите и топлиот звук на блуз-музиката спонтано пливаат низ линиите, формите и боите на сликарите во еуфоричната атмосфера што ја креира публиката. – Оваа година со гордост можеме да најавиме ...
Шестиот Котон блуз фестивал во Скопје продолжува вечерва (26 ноември) со две концертни промоции на албуми и со премиера на проект посветен на Џони Кеш. Настаните се одржуваат во рок барот „Русти“, со почеток во 20:30 часот. Александар Пешевски во живо ќе го промовира својот акустичен албум „Afterend“, а нов материјал ќе може да се чуе и од еден од најстарите домашни блуз бендови „Кросроуд блуз бенд“, кој постои речиси три децении. Специјално за ...

