Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на „Тема на денот“ на Сител изјави дека „креаторите на сите проблеми и коруптивни дејанија“ од минатото не можат да бидат дел од решенијата што денес се нудат. Во интервјуто, Трипуновски рече дека поднел неколку постапки до Јавното обвинителство за незаконското работење на поранешниот министер Љупчо Николовски, но, како што вели, „нема никаква реакција“. ...

Откако неговата позиција во владата станува неодржлива по корупција и апсењата во Платежнат агенција, министерот за земјоделство најде виновник за сите негови проблеми – неговиот претходник од СДСМ, Љупчо Николовски. Од избивањето на аферата, а и пред тоа Николовски укажува на проблемите во македонското земјоделство и СДСМ преку него понуди план како да се најде излез со замрзнатите исплати на Платежната агенција. Трипуновски го нарече ...