Раководителот на скаутинг службата при Фудбалската федерација на Македонија, Николче Новески зедно со членот на скаутинг секторот, Владимир Томовски деновиве учествуваа на еден од најпознатите Скаутинг семинари во фудбалот – „Таленд ИД“, кој во организација на УЕФА, како и на Норвешката фудбалска асоцијација, се одржа во Осло, Норвешка. За првпат, со доаѓањето на новото раководство на ФФМ, е формирана скаутинг-службата во Македонија која ...

Николче Новески доби важна улога во новата гарнитура на ФФМ и има за задача да прави добра регрутација и селекција на најдобрите македонски таленти, а како човек од доверба на Масар Омерагиќ, легендарниот дефанзивец изминатите неколку дена беше македонски претставник на УЕФА семинарот во Осло. Норвешка како земја која прави значителен напредок во фудбалската игра беше домаќин на семинар со тема „Talent ID“, а главен фокус беше скаутингот во ...