Македонската фудбалска репрезентација секаде има поддршка од нашите навивачи, членови на „Фалангата“, наши иселеноци низ светот... Така ќе биде и утревечер во Кардиф, каде националниот тим на Благоја Милевски ќе се соочи со Велс во последниот натпревар од мундијалските квалификации. Се очекуваат околу 700 луѓе од секој дел на Европа, кои стигнале до вредното парче хартија, да ги бодрат „рисовите“. Македонци кои живеат и работат во Велика ...

ЕКИПА во Кардиф, Владимир Булатовиќ Како што се ближи почетокот на вечерашниот дуел меѓу Велс и Македонија (20.45 часот), така се крева и атмосферата во Кардиф во пресрет на овој клучен меч за второто место во групата. Нашите фудбалери ќе имаат поддршка од трибините, а навивачите веќе пристигнаа во Кардиф, собирајќи се на неколку локации во центарот во градот, меѓу нив и фан-зоната предвидена за македонските фанови. Во центарот на градот ечат ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за следниот Мундијал. Гостуваме во Кардиф, каде што ќе се судриме со домаќинот Велс во финалната распределба на местата во групата. Нашиот национален тим ќе има солидна поддршка од нашата дијаспора, која што за овој дуел доби 700 билети на располагање. Нашите навивачи, популарната „Фаланга“ веќе се стационираше во ФАН зоната ...