Во „Come Together“, „Битлси“ пеат „еден и еден и еден е три“, но колку се два и два и два по два? Доказот на тврдењето „1+1=2“, од кое произлегуваат тврдењата „2+2=4“ и „2×2=4“, Вајтхед и Расел го завршуваат во вториот том (1912 г.) на тритомната книга „Принципи на математиката“, коментирајќи дека тврдењето е „повремено корисно“. Меѓутоа, за уметниците резултатот можеби е пет: „два по два прават пет е исто така прекрасна ситница“ („Записи од ...
И Достоевски и Орвел, поттикнати од емотивниот копнеж за „братство“, чувствуваат огорченост од капиталистичката експлоатација, но и од радикалниот догматизам. Ставот на Достоевски кон можноста за „Царството Божје на земјата“ се чини дека го навестува ставот на Орвел за социјализмот – во 1947 година Орвел ќе напише: „Нашите активности како социјалисти имаат значење само ако претпоставиме дека социјализмот може да се воспостави, но ако престанеме ...