Поп-пејачот Давид Темелков, од сонот до јавето! Сонувам сè да започне баш тука – дома, во Скопје. Затоа, драги мои Македонци, на 19 март е мојот прв солистички концерт, во Македонскиот народен театар. Ве чекам со песна, ве чекам со душа! Македонскиот поп-пејач Давид Темелков има голем хит, „Мојата Македонија“, кој е проследен и со соодветно убаво видеоиздание. Овој атрактивен Македонец, музичката јавност најпрво го запозна кога тој настапи ...

На 19-ти март, во Македонскиот народен театар, ексклузивен концерт само за своите фанови ќе одржи еден од најемотивните гласови на македонската музичка сцена – Давид Темелков. Концертот ќе биде со наслов – Мојата Македонија. Иако веќе подолг период живее и работи во Хрватска, Темелков никогаш не ја прекинал врската со татковината. Напротив – таа врска неодамна доби и музичка форма преку песната „Мојата Македонија“, емотивен хит кој речиси и ...

Поп-пејачот Давид Темелков ќе одржи концерт во Скопје на 19 март, во Македонскиот народен театар од 20 часот. Темелков стана популарен во втората сезона на регионалното музичко шоу „Икс фактор“ во 2015, една година откако Даниел Кајмакоски победи во финалето во Белград. Темелков студираше на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот соло пеење, по што се пресели во Хрватска, каде што често настапува. Негов најголем хит е „Мојата ...