Брегалница е максимално подготвена за утрешното дерби од осмото коло на Втората лига против Скопје кое се игра под рефлектори, а на огромна радост на гледачите и навивачите се отвара за користење и новата трибина, тоа беше соопштено на денешната прес-конференција на штипскиот второлигаш. „Сакам да најавам дека за утрешниот натпревар ќе биде пуштена во функција новата трибина односно западната трибина на Градскиот стадион во Штип, така да сите ...
Конечно пуштена во употреба новата трибина на Градскиот стадион во Штип, Брегалница го доби Скопје во меч од 8. коло на Втората лига во амбиент како што заслужува, пред верната публика и верната навивачка група „Фаланга“. На овој натпревар гледачите уживаа во дербито на колото под рефлектори, сместени на западната трибина, а пак на старата трибина беше сместена навивачката група „Фаланга“, која даваше силна поддршка за својот миленик Брегалница. ...
Брегалница со погодоците на Стефан Костов и Давид Калпачки славеше со 2:0 во дербито на 8. коло во Втората лига, кое се играше под рефлектори на Градскиот стадион во Штип, а кое дерби го следевте на М Нет телевизија. Костов го отвори резултатот и со минимална предност Брегалница замина на полувреме, а во вториот дел Скопје се обидуваше на пронајде начин како до погодок, но во финишот Давид Калпачки постигна гол за конечни 2:0. Сега Брегалница се ...
Во сабота ќе светнат и рефлекторите во Штип. Второлигашкото дерби на врвот од табелата меѓу Брегалница и Скопје ќе се одигра во вечерен термин, а клубот од Штип најави уште една новина – во функција ќе биде ставена новата, западна, трибини на Градскиот стадион. „Ја известуваме фудбалската јавност во Штип дека за утрешниот меч против ФК Скопје (кој ќе се одигра под рефлектори), во функција ќе биде пуштена западната (нова трибина). Сите љубители ...

