Голем број граѓани од соседна Албанија и денес масовно влегуваат во Македонија за да точат гориво и да пазарат храна по пониски цени. Според објавените информации, на влез во земјава денеска се чекало и повеќе од два часа, а снимки од терен покажуваат долги колони возила на албанската страна. Главната причина за овој бран е ценовната разлика кај горивата. Во Македонија, според важечката одлука на Регулаторната комисија за енергетика од 31 ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот на Владата дека нема потреба од никакви ограничувања во однос на потрошувачката на гориво, бидејќи снабдувањето било стабилно. Воедно информираше дека истата е зголемена на дневно ниво и достигнала 2 милиони литри. Откако започна кризата со гориво во светот, кај нас е зголемено присуство на странски државјани од пограничните места со Албанија и Грција, кои точат гориво по поевтни цени. ...