Новите тарифи кои претседателот на САД Доналд Трамп ги објави на т.н. „ден на ослободувањето“ се очекува да го чинат секое американско домаќинство по 5.000 долари годишно, нанесувајќи огромен удар на средната класа, вели професорот Џастин Волферс за СиЕнЕн. Според Волферс, бидејќи бизнисите ќе ги префрлат зголемените трошоци на потрошувачите, се очекува просечните трошоци да пораснат за 6%. Ова ќе се одрази на малопродажните цени многу брзо. ...
Влијанието на тарифите на Доналд Трамп врз светската економија ќе биде огромно. Со ова се согласуваат и нивниот идеен творец и остатокот од светот соочен со универзални царини од 10%, плус „реципрочните со дисконт“ за земјите со многу повисоки царини за САД. На Денот на ослободувањето, како што го нарече, Трамп објави дека другите земји, и пријателите и непријателите, повеќе нема да ги „цицаат“ САД и да се богатат со високите ограничувања за ...