Игор Тудор замина од тренерската позиција на Јувентус. Италијанскиот гигант му даде отказ поради серијата лоши резултати, а како главни кандидати за негов наследник се споменуваат Лучијано Спалети и Рафаеле Паладино. Црната серија од три порази по ред и четири натпревари без постигнат гол го чинеа отказ хрватскиот стратег. Според информациите од Италија, најсериозни кандидати за нов тренер на Јувентус се Лучијано Спалети и Рафаеле Паладино. ...

Лучано Спалети ќе биде новиот тренер на Јувентус, потврдија денес бројни извори од Апенините. Спалети ќе потпише договорот до крајот на тековната сезона, а тој автоматски ќе биде продолжен до летото 2027 година доколку Јувентус обезбеди место во Лигата на шампионите. Исто така е познато дека Спалети ќе заработува 2.800.000 евра годишно, и веднаш ќе го преземе тимот. Спалети е без работа откако ја напушти клупата на италијанската репрезентација ...