Идејата за укинување на техничката влада повторно ја отвора една од најчувствителните пукнатини во македонскиот политички систем: прашањето дали институциите се доволно зрели за фер избори без политички штитници и вкрстени контроли. Кога премиерот Христијан Мицкоски најавува лидерска средба за ова прашање, тој всушност не предлага административна корекција, туку тест на довербата меѓу партиите – и индиректно: тест на државата. Зашто ...

Законите од реформската агенда, изборот на правобранител, укинување на техничката влада се меѓу прашањата што премиерот Христијан Мицкоски, ќе ги предложи за лидерската средба со првите луѓе на парламентарните партии на 14 јануари напладне во Клубот на пратениците за што формална покана ќе биде испратена денеска или утре. Мицкоски претпладнево во изјава за медиумите рече дека нивен приоритет не се изборите, туку реформите и проектите. ...