Македонскиот фудбалер Марио Младеновски, беше еден од заслужните за бодот на Вараждин во дуелот со Горица на домашен терен. Високиот стопер асистираше во 27. минута до Латковиќ кој донесе предност, а потоа Ерцег во 45. минута од пенал успеа да израмни, и да не дозволи Вараждин да дојде до бодовите. Младеновски одигра 90 минути и беше еден од најдобрите во својата екипа. Вараждин остана на четвртото место, и не успеа да го загрози третото ...
Македонските интернационалци, Влатко Стојановски и Марио Младеновски се прикажаа во квалитетно издание за своите екипи во првенствата на Узбекистан и Хрватска. Напаѓачот Стојановски го постигна својот прв гол во дресот на Машал, но тоа не се покажа како доволно за поволен резултат на гостувањето кај Навбахор Наманган (2-1). Во хрватскиот шампионат дефанзивецот Младеновски забележа асистенција за Вараждин во ремито со Горица од 1-1. Се играше ...

