Форумот на жени на СДСМ најави протестен марш за утре (8 Март) со барање за оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по трагедијата во Карпош и, како што велат, низа институционални пропусти во справувањето со семејното насилство. Маршот ќе се одржи во Богданци со почеток во 12 часот, а организацијата најави и поддршка за граѓанскиот марш во Скопје. Во обраќањето, претседателката на Форумот, Каја Шукова, порача дека јавноста ...

„Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка?“, порача претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова на денешната прес конференција. „Јавноста е во тага, во шок но и бес. Во последната трагедија во Карпош згаснаа животи на мајка и малолетна ќерка. МВР на Панче Тошковски не ги заштити. 12 пријави имало за две години за семејно, физичко и психичко ...