По ратификацијата на Договорот за изградба на прекуграничниот железнички тунел, од страна на парламентите на двете држави, следната фаза е формирање на Заеднички комитет, предводен од замениците на министрите за транспорт, кој ќе ја координира подготовката, изградбата и идното работење на објектот, пренесува БТА. Според соопштението, министерката Исмаилов го нагласила забрзаното темпо со кое бугарската страна работи на модернизацијата на ...
До 2030 година, Бугарија и Македонија планираат да го завршат железничкото поврзување меѓу Скопје и Софија, соопшти Прес-центарот на бугарското Министерство за транспорт и врски. Ова беше истакнато на средбата меѓу вршителот на должноста министер за транспорт и врски на Бугарија, Корман Исмаилов, и македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси-Поповска. Министерката Исмаилов го потенцирала забрзаното темпо на бугарската страна во ...

