Британската поп-сензација „Дјуран Дјуран“ вечерва од 21 часот, по концертот во Софија, ќе одржи прв концерт во Скопје, во „Борис Трајковски“, во рамките на турнејата низ Европа, вклучувајќи концерти во Данска, Холандија, Чешка, Унгарија, Србија, како и три специјални настапи во Италија ова лето: 7 јули во Верона, 9 јули во Казерта и 11 јули во Кодроипо. Дина Јашари и нејзиниот бенд се официјалниот opening act на концертот на Duran Duran во ...
Скопје вечерва заличи на светска метропола. И со убавата публика од сите сфери на живеење и со светскиот настап на британската поп-сензација „Дјуран Дјуран“ која уште ги полни салите. Скопје и фановите од регионот вечерва ги видоа и ги слушнаа во живо идолите од 80-тите години, кои допатуваа од Софија со приватен авион со нивните сопруги и блиски пријатели. Нивната екипа во главниот град пристигна со тим од околу 90 луѓе, девет големи шлепери ...
Скопје синоќа беше музички центар на светот. Легендарните „Дјуран Дјуран“ одржаа фантастичен концерт во арената „Борис Трајковски“ во организација на „Авалон“, пред преполна сала и публика која пееше во еден глас. Од самиот почеток атмосферата беше еуфорична, а настанот со одличен настап го отвори Дина Јашари со својот бенд. Шармот и појавата на пејачот Сајмон Ле Бон беа доволни за почеток на концертот. Ако на тоа се додадат неговиот ...
Легендарните „Дјуран Дјуран“ синоќа го преполнија спортскиот центар „Борис Трајковски“. Најбројни беа нивните оригинални фанови, „генерацијата што не старее“, но во публиката имаше обожаватели од сите генерации, како и бројни посетители од Србија, која бендот ја одмина во оваа турнеја. Просторот во салата беше дополнет и со масивната аудио, видео и сценска опрема, донесена со шест шлепери, со која бендот веќе петта деценија ги поставува ...

