Скап за многумина денешниот пазар во Штип, каде граѓаните масовно пазарат за празникот Архангел Михаил. Уште од рано утро се гледаат полни кеси со праз, зелка, тиква и краставици, производи што денес се меѓу најбараните. Од овошјето доминираат јаболката и мандарината, без кои ретко кој си заминува од пазарот. И покрај високите цени, граѓаните велат дека мора да се подготви празничната трпеза. Во продолжение анкетираните раскажуваат за нивното ...

Сиромаштијата се подлабока, а граѓаните се почесто се жалат на стадардот сведен на купи ден помини. Ако некогаш се купувало во килограми денес на парче. На што се должи тоа – граѓаните со кои пораговаравме велат дека високите цени од ден во ден се накачуваат а платите и пензиите стагнираат. Дел од економските познавачи на состојбата велат дека ситуацијата е очајна на економски план, парите ја изгубија својата вредност а немаштијата се ...