Гостински текст специјално за Спортска Станица Ракометна Битола отсекогаш била барометар за тоа како дише македонскиот ракомет. Но, во последно време, воздухот во градот на конзулите некако како да стои. Додека ривалите како Вардар, Алкалоид и Охрид забрзано се градат, се екипираат и растат од сезона во сезона, актуелниот трикратен шампион како да притисна на кочницата. Дали навистина сведочиме на стагнација која трае речиси две години или ...

Во рамките на плеј-аут фазата од ракометната Суперлига беа одиграни два натпревари, на кои гостинските екипи Еурофарм Пелистер 2 и Пролет запишаа важни победи. Битолскиот состав имаше убедливо издание на гостувањето кај Радовиш, каде славеше со високи 38-23. Прашањето околу победникот беше решено уште во првото полувреме, кога „зелено-белите“ направија двоцифрена предност (21-11). Во продолжението, Пелистер 2 рутински ја одржуваше ...