Кичевската коњаница тргнува во чест на Илинден, деветдневен марш од Манастир Пречиста до Крушево и Ѓурѓејца Здружението за културни и историски вредности „Манастир Пречиста – Кичевска коњаница“ од Кичево ја објави програмата за годинашното чествување на 2 Август – Илинден, со деветдневна програма исполнета со традиционални, духовни и културни содржини, како и со оддавање почит на хероите и востаниците од Илинденската епопеја. Со особена ...
Кичевската коњаница веќе е на пат кон Кичево. Коњаниците тргнаа од село Манастирско Доленци, а за помалку од 45 минути се очекува да пристигнат пред градскиот храм „Св. Апостоли Петар и Павле“, каде кичевчани ќе имаат можност свечено да ги пречекаат. Со македонските знамиња, комитската традиција и илинденскиот дух, коњаниците го продолжуваат традиционалниот пат посветен на големиот македонски празник Илинден. Според претходно објавената ...
Кичевската коњаница денес пристигна во Кичево, продолжувајќи го традиционалниот илинденски пат кој годинава повторно ги обединува традицијата, историјата и почитта кон илинденските идеали. Учесниците со коњаниците, облечени во препознатливите комитски носии и со развиорени македонски знамиња, пристигнаа пред градскиот храм „Св. Апостоли Петар и Павле“, каде беа пречекани во духот на долгогодишната традиција. Во храмот беше отслужена ...

